[ВИДЕО] Ѓоковиќ го сруши Зверев за нов рекорд и полуфинале во Пекинг

Дерби

04/10/2026

16:57

208

Големина на фонт

а а а

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ е последниот патник во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг и тоа откако го завршниот меч од четвртфиналната рунда го надигра првиот носител Александер Зверев.

Многу повеќе се очекуваше од Зверев на ова соочување, но одново покажа одредени слабости и не успеа да го совлада Ѓоковиќ, да ја оправда улогата на фаворит која дефинитивно ја имаше по сите оние резултати кои ги оствари во текот на оваа календарска година.

Германецот стигна до водство од 1-0 и тоа откако славеше со 6-4, ама потоа дојде одговорот од Србинот кој на идентичен начин го сврте резултатот и дојде до победа. Во десеттиот гејм на вториот сет дојде до брејк кој воедно значеше и сет за 1-1, а потоа и во решевачката рунда на истиот начин го скрши Саша за триумф со кој ја продолжи неверојатната серија во Пекинг.

Сега тој на овој турнир има учинок 32-0 со што е поставен нов рекорд, односно е надминат резултатот на Рафаел Надал кој на Ролан Гарос имаше 31 победи во серија.

За место во финалето Новак ќе се бори со Данил Медведев.

Другото полуфинале е Хуркач-Де Минор.