Зидан со одбрани зборови за Португалецот: Му симнувам капа на Роналдо…

Дерби

04/10/2026

17:06

262

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо е во фокусот на вниманието во претходниве денови и тоа откако одлучи да ја напушти португалската репрезентација.

Дојде до одреден конфликт, проблем со селекторот Жорж Жезус и наместо тој да се реши, да се надмине таа ситуација напаѓачот си замина со порака дека ќе ја кажел вистината кога ќе биде вистинско време.

Во меѓувреме Португалија победи и без него, вечерва има уште еден значаен меч против Норвешка во Лигата на нации, но оваа цела ситуација останува како една од топ темите на фудбалската сцена, па дури и францускиот селектор Зинедин Зидан говорше, ама за Кристијано и неговите квалитети по повод критиките кои беа упатени на негова сметка.

-Не, мислам дека треба да му се честита за неговата одлична кариера. Она што го направи е исклучително. Имав среќа што го имав со мене и тој ми овозможи да освојам неверојатни трофеи, па му симнувам капа на Кристијано. Секогаш ќе имам големо почитување кон него, како и кон сите играчи, но уште повеќе кон оние со кои споделив толку многу време, а особено кон Кристијано, кој нè натера да победуваме толку многу, -истакна Зидан.