Расмус Хојлунд го привлече вниманието на медиумите поради своите потези на вчерашниот дуел меѓу Данска и Португалија во Лигата на нации.
Данците загубија на домашен терен од селекцијата која остана без Кристијано Роналдо, а на скандалот се надоврза и напаѓачот на скандинавската селекција, кој реши да го прослави голот со препознатливото „Сиу“ на големата португалска ѕвезда.
🚨Rasmus Højlund pushed Jorge Jesus after Denmark’s loss to Portugal https://t.co/8SJsEzGHht
— Polymarket Sports (@PolymarketSport) October 1, 2026
За да биде поинтересно, по крајот на средбата и моментите кога фудбалерите се ракуваа со противниците, Хојлунд го оттурна селекторот Жорге Жезус, кој влезе во директен конфликт со Роналдо и се смета за главен виновник што Роналдо го напушти репрезентативниот камп.
Жезус по средбата не сакал да ја коментира ситуацијата, па останува нејасно зошто Хојлунд реагираше на таков начин и дали добил некоја провокација од португалскиот селектор за време на натпреварот.








