[ВИДЕО] Алкарас направи страшен пресврт за да го добие првиот сет, па го разби ривалот за четвртфинале во Токио

Дерби

03/10/2026

11:07

212

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас се обидува да фати ритам и да се врати во форма по долгата пауза од терените, па по настапот на Ју-Ес Опен и на Лејвер Купот сега е дел од турнирот од серијата 500 во Токио каде покажува слабости против ривали кои не се на негово место.

Шпанецот се мачеше во почетната рунда против Алекс Микелсен, додека денеска исто не блескаше и против Матео Арналди играчот кој е 37 на АТП листата.

Италијанецот беше на добар пат да го добие првиот сет, се врати по почетниот удар и водството на фаворитот од 2-0 во гејмови, се дојде до тај-брејкот каде Арналди дојде на поен од водство од 1-0 (6-2). Меѓутоа потоа на сцена стапи Карлитос, ги доби наредните 6 поени и со 8-6 ја доби првата рунда.

Од тука мечот почна да оди во еден правец, Алкарас беше фуриозен и со 6-1 го потврди триумфот и пласманот во четвртфиналето каде го очекува Денис Шаповалов.