Седлоски пред дуелот со Шкотска: Фудбалерите заслужуваат максимална поддршка

Дерби

02/10/2026

13:31

213

Големина на фонт

а а а

Македонскиот селектор Гоце Седлоски денеска со официјална прес-конференција го најави и третиот натпревар во мини циклусот од Лигата на нации, во кој противник ќе ни биде селекцијата на Шкотска.

Нашите најдобри фудбалери досега не успеаја да освојат бодови во средбите со Швајцарија и Словенија, па утрешниот натпревар на домашен терен е одлична можност да се израдуваат македонските фанови.

Селекторот и денеска го потенцираше процесот на подмладување на репрезентацијата, барајќи поддршка за репрезентативците, кои даваат максимум на теренот.

– Атмосферата во репрезентацијата е добра, на фудбалерите им е потребна поддршката од сите и замолувам да ја добијат и пред овој натпревар.

– Продолжувам со процесот на подмладување на репрезентацијата во договор со федерацијата, тоа го кажав и во Љубљана, а сите критики може да бидат упатени на моја сметка.

– Не можеме да промениме се преку ноќ, ова е процес, работиме напорно, следам што се случува и правиме се за да бидеме подобри во иднина. Играме во Б лигата, не дека селекторот сака да се вади, но факт е дека играме против поквалитетни репрезентации. Кога доаѓав знаев што ме очекува, но ние имавме проблеми и кога игравме и во Ц лигата, – истакна Седлоски.

Натпреварот Македонија-Шкотска се игра утре од 20:45 часот.