Таунсенд за бизарниот инцидент: Моите деца мислеа дека видеото е вештачка интелигенција

Дерби

23/09/2026

14:55

206

Големина на фонт

а а а

Андрос Таунсенд веќе некое време е далеку од очите на англиската јавноста како член на елитен клуб, но изминатиот викенд, стана вирален хит поради едно лудо видео од Тајланд.

Големиот пад во формата го натера некогашниот англиски репрезентативец да замине на егзотична дестинација, но наместо да се зборува за некое фудбалско случување, тој стана вирален хит поради бизарна ситуација.

Таунсенд бил прегазен со валјак за време на загревањето на неговиот тим и видеото како пожар се рашири на социјалните мрежи, а сега откако реакциите малку стивнаа, со изјава за инцидентот се јави и Андрос.


– Уште кога изглегов да се загрева, видов два валјаци на секоја половина од теренот и дад бидам искрен, првпат имав видено такво нешто на еден терен.

– Следниот пат кога ја видов машината, таа беше речиси врз мене и со доста среќа минав без посериозни последици. Имав само неколку рани и модринки, но минав без сериозни последици. Секојпат кога го гледам видеото, не можам да поверувам што се случи. Моите деца мислеа дека се работи за вештачка интелигенција. Околу десет минути морав да им објаснувам дека станува збор за реално видео, – открива Таунсенд кој во минатото ги бранеше боите на Тотенхем, Њукасл, Евертон и Кристал Палас во Премиер лигата.