Давид Алаба стави крај на својата авантура во Реал Мадрид уште во месец мај кога стана јасно дека нема да добие нов договор, па иако го имаше цело лето пред себе за да си пронајде нов клуб, Австриецот го направи тоа на денот кога официјално стартуваше есента.
Искусниот стопер не успеа да најде доволно атрактивен проект во изминатите три месеци и покрај тоа што беше јасно дека има статус на слободен агент, но оваа привилегија му дава шанса да реализира трансфер и кога преодниот рок е завршен.
Поради тоа, Алаба можеше да преговара со било кој друг клуб по истекот на трансфер пазарот, а денеска пристигнува информација дека тој си подал рака за преселба во Италија.
Алаба во својата блескава кариера со големи успеси настапуваше во Германија, Шпанија и Австрија, но сега за првпат ќе се испроба и во Италија.
Поточно, дефанзивецот ќе биде дел од италијанската фудбалска елита, бидејќи неговиот агент постигнал конечен договор со Удинезе за слободен трансфер и истиот ќе биде реализиран во деновите кои претстојат.
Тоа значи дека Алаба ќе може да има мини подготовки за време на оваа репрезентативна пауза, по што би можел да се надева на деби за Удинезе во месец октомври.








