Килијан Мбапе Лотин веќе со години е еден од најдобрите играчи на светот, ас кој уште како тинејџер блесна на големата сцена во дресот на Монако од каде преку Пари Сен Жермен стигна во редовите на Реал Мадрид.
Низ досегашната кариера има доста работи постигнато како на клупски така и на репрезентативец план, но има и цели кои се уште ги нема реализирано и до кои ќе обиде да стигне во наредниов период, наредните години.
Дали тоа ќе биде со Реал или некоја друга екипа останува да видиме, а во меѓувреме тој се наврати назад во времето и проговори за операцијата која можела да го однесе во Премиер лигата и тоа во редовите на Ливерпул кога овој клуб беше предводен од Јирген Клоп.
-Морав да донесам одлука. И да, бев блиску до Ливерпул. Мајка ми беше голем обожавател на Јирген Клоп и нејзината посакувана дестинација за мене беше Ливерпул. Таа сакаше да одам таму. Таа отиде таму за првата фаза од преговорите. Го посети градот, стадионот, се запозна со луѓето. Велеше: Тоа е прекрасен клуб, сите се толку љубезни, тоа е семеен клуб, голем клуб.
-Таа отиде на „Енфилд“ и се вљуби во него. Гледаше неколку натпревари сама, за да ја почувствува атмосферата, бидејќи сакаше да ме замисли мене на тој стадион, -вели Килијан навраќајќи се на времето кога знаел дела приказната со Монако е готова и ја бирал новата средина во кариерата.
-Се сеќавам дека бевме во авионот и кружевме во воздух додека тој (Клоп) ми го претставуваше својот проект. Не мораш да ме убедуваш. Ти си Јирген Клоп, а ова е Ливерпул – голем клуб – така што, секако, штом сум тука, значи дека сум заинтересиран. Но, имам и други работи, други проекти, кои исто така се добри.
-Тоа е интересна приказна. Но, на крајот, одлучив да одам во ПСЖ, бидејќи за мене – како некој што е роден и израснат во Париз – немаше подобро чувство од тоа да покажам дека можам да бидам ѕвезда во мојот роден град, -порача Мбапе за „Атлетик“.








