Моделот Хајди Клум е позната по своите атрактивни комбинации, но овојпат се надмина себеси.
Вчера започна Неделата на модата во Милано, која ќе трае до 28 септември, а судејќи според она што го видовме досега, нè очекува моден спектакл.
Посебно внимание привлече моделот Хајди Клум која, како и секогаш, подготви незаборавно издание.
На Неделата на модата во Милано, таа се појави во целосно проѕирен црн фустан кој ја истакнуваше нејзината фигура.
Фустанот од чипка од грчката дизајнерка Селија Критариоти ѝ помогна да биде меѓу најзабележаните.
Долгиот фустан допираше до глуждовите, а проѕирниот материјал откриваше голем дел од телото.

Висока јака, долги ракави и сложен цветен вез преку градите, папокот, колковите и бутовите ги истакнуваа нејзините телесни линии, додека црната долна облека обезбедуваше минимална покриеност.
Фустанот има и многу висок шлиц што дополнително ги истакнуваше нејзините нозе.
Хајди Клум го надополни овој изглед со црни влечки со високи потпетици, очила за сонце и чанта.

Таа ја стилизираше својата долга руса коса во големи, волуменозни кадрици, а шминката ги истакна нејзините црти на вистински начин и го направија ова издание уште понезаборавно.


Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Хајди?