[ФОТО/ВИДЕО] Ова се децата на Џејсон Момоа: Актерот ретко ги претставува во јавноста, а сега ги украле сите погледи на црвениот килим – синот е доказ дека „крушата под круша паѓа“

Кармин

14/10/2026

08:40

870

Големина на фонт

а а а

Познатиот актер Џејсон Момоа (47) блеснал на свечената премиера во Лос Анџелес, но сите погледи биле насочени кон двајцата тинејџери кои речиси никогаш не се појавуваат во јавноста.

Холивудскиот актер бил главната ѕвезда на премиерата на филмот „Street Fighter“ (Уличен борец) во Лос Анџелес, но најголем впечаток таа вечер остави друштвото што го донел со себе – неговите деца, ќерката Лола (19) и синот Накоа-Волф (17). Ова беше нивното исклучително ретко заедничко појавување на црвениот килим, а актерот не ја криел воодушевеноста што и двајцата дошле да му дадат поддршка.


Двоен тексас, проѕирна маица и бомбер-јакна

Иако ретко се појавуваат пред камерите, децата на Момоа покажаа дека и тоа како ги следат модните трендови и имаат изграден сопствен стил. Ќерката Лола (19) изгледала многу модерно. Таа се решила за впечатлива комбинација од „двоен тексас“ и проѕирна маица, со која ги привлекла сите погледи на фоторепортерите.


Синот Накоа-Волф (17) донел опуштен тинејџерски шик на црвениот килим, облечен во популарна „бомбер“ јакна.

Инаку, Џејсон ги доби двете деца во бракот со поранешната сопруга, актерката Лиса Боне (58), од која официјално се развел во 2024 година.


Џејсон ги покажал бицепсите, а синот тргнува по стапките на татка си

Ниту самиот актер не поминал незабележано. Тој се појавил во розов пругав костум, а во еден момент го соблекол сакото и гордо позирал пред фоторепортерите, покажувајќи ги своите импресивни бицепси.

Потсетуваме, Џејсон во филмот „Уличен борец“ го толкува ликот на дивиот борец Бланка.


Дека „крушата под круша паѓа“, докажува и помладиот син Накоа-Волф, кој веќе забрзано тргнува по стапките на својот татко во актерството. Тој се подготвува за своето големо филмско деби во остварувањето „Дина: Трет дел“ (Dune: Part Three), во кое ќе го толкува ликот на Лето Атреид II.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk