[ФОТО/ВИДЕО] Несекојдневно издание на пејачката на Лондонската модна недела: Носела градник што испуштал течност

Кармин

22/09/2026

14:01

401

Големина на фонт

а а а

Британската пејачка Ли-Ен Пинок, која била членка на групата „Литл Микс“, го очекува своето трето дете со фудбалерот Андре Греј, а трудничкиот стомак го покажала на ревијата на брендот „Di Petsa“ на Лондонската модна недела.

Пејачката носела бел комплет, а вниманието го привлекол и интересниот ефект на нејзиниот градник – испуштал течност.


„Еден од клучните елементи на ревијата е скулптуралниот градник кој симулира доење и за време на перформансот испушта млазови млеко. Ова дело нуди впечатлив коментар на темата за мајчинството, телото и грижата како спектакл, сместувајќи еден интимен чин во строго конструираниот свет на модната писта“, наведоа од брендот „Di Petsa“.


Храбриот дизајн на брендот „Di Petsa“ не претставува изненадување, со оглед на тоа што брендот моментално продава корсет за жени кои дојат по цена од 1.504 долари, дизајниран така што само половина од горниот дел ги покрива градите.


Ли-Ен Пинок и Андре Греј, кои се венчале во 2023 година, имаат и близначки родени во 2021 година. Сакајќи да ја заштитат приватноста на девојчињата, сè уште не ги откриле нивните имиња ниту објавиле нивни фотографии.


Пејачката ја објави веста дека е бремена на 8 јули, пишувајќи на Инстаграм: „Додека едно поглавје завршува, друго започнува“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk