Кривична против маж од Кратово: Со остар предмет тешко повредил полицаец

Макфакс

17/09/2026

14:00

157

Големина на фонт

а а а

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против маж од Кратово за напад на полициски службеник со остар предмет, нанесувајќи му тешки телесни повреди за време на службени дејствија.

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против 40-годишниот П.Ј. од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 11.09.2026, пријавениот упатувал закани на полициски службеници и вработени во Центарот за социјални работи додека извршувале службени дејствија, по што со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на еден полициски службеник.