Прегазена жена од Струга со тешки повреди пренесена во болница

Макфакс

17/09/2026

13:50

192

Големина на фонт

а а а

Вчера во Струга товарно возило удрило во жена, која добила тешки повреди и е пренесена во болница, а увид спроведе полицијата.

Вчера околу 11:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улицата „Димитар Влахов“ во Струга, товарно возило „фиат добло“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот А.С. од Струга, удрило во 76-годишната В.П. од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.П., констатирани во Медицински центар Струга.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.