35-годишник од Студеничани почина на Клинички, најверојатно по струен удар

Макфакс

17/09/2026

13:40

223

Големина на фонт

а а а

Во село Студеничани, 35-годишен маж почина најверојатно поради струен удар при обид да го измие возилото со вап-машина. Тој бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде е констатирана смрт.

Вчера околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Студеничани, скопско, во двор од куќа, сопственост на 56-годишниот А.С., дошол 35-годишниот Х.Б. од село Студеничани и ја земал вап-машината за да го измие возилото, при што паднал, најверојатно од струен удар.

Со возило на Итна медицинска помош, Х.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Лекар констатирал смрт, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција.