Доделувањето на наградите Еми го одбележаа бројни гламурозни креации, но и познати дами. Сепак, најголемо внимание привлече враќањето во јавноста на легендарните убавици. Станува збор за оригиналната постава на „Чарлиевите ангели“.
Неодамна се одржа доделувањето на наградите Еми, а можноста да блеснат на овој престижен настан ја искористија многу познати дами. Меѓу нив најмногу се истакнаа Каја Гербер, Мишел Фајфер, Софија Вергара и многу други, но најголемо внимание привлекоа три убавици кои одамна не сме ги виделе во јавноста.
Кејт Џексон, Џеклин Смит и Шерил Лад, попознати како „Чарлиевите ангели“, се појавија во улога на презентерки на наградата во категоријата најдобра драмска серија (Best Drama Series).

Како што пишуваат странските медиуми, повторното обединување на овие актерки се случи точно 50 години по премиерното прикажување на истоимената серија. Таа првпат беше емитувана во 1976 година.

Џеклин за оваа пригода одлучила да облече прекрасен фустан во минт зелена боја, украсен со пердуви и со едноставен крој. Кејт се решила за бела комбинација – предимензионирано бело сако со пруги, кое го искомбинирала со лежерни панталони, додека Шерил се појавила во вистинско гламурозно издание.
Таа избрала светкав црн фустан кој на уникатен начин ја истакнал нејзината природна убавина.

Може да се каже дека дамите блескаа на самиот настан и дека, дури и по толку години, останаа симбол на убавината и на едно време.