[ВИДЕО] Во Газа се урна зграда со раселени семејства, загинаа четири деца

Макфакс

16/09/2026

19:09

292

Големина на фонт

а а а

Во Газа се урна зграда во која биле сместени раселени семејства, при што загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои четири деца, а десетици се водат како исчезнати. Уривањето е последица на претходно извршените напади, а спасувачките екипи продолжуваат со пребарување под урнатините.

Најмалку 12 лица, меѓу кои и четири деца, загинаа денес во Газа при уривање на една зграда. Во зградата биле сместени шест раселени семејства. Според податоците од болницата „Шифа“, загинале најмалку 12 лица, а 15 се повредени.

Десетици луѓе се водат како исчезнати или се заробени под урнатините. Според проценките повеќе од 60 лица се водат како исчезнати. Екипите за цивилна заштита ги пребаруваат урнатините и користат багери во обид да стигнат до преживеаните.

Зградата била делумно оштетена во израелски напад претходно во текот на војната. Точната причина за целосното уривање сè уште не е утврдена.

Повеќето објекти во Газа се оштетени или уништени, а десетици повеќекатници се урнале за време на речиси тригодишната војна, особено за време на зимските невремиња. Уривањето на оштетените згради претставува сериозна опасност во Газа, бидејќи раселените семејства често се враќаат од шаторските населби во домови оштетени од бомбардирањето.