Захарова упати предупредување до Европа: „Зеленски ве користи како жив штит“

Макфакс

16/09/2026

20:10

298

Големина на фонт

а а а

Руското Министерство за надворешни работи повторно предупредува дека западните дипломати треба да избегнуваат патување во Украина поради безбедносни ризици, обвинувајќи го украинскиот претседател Зеленски за користење на западните политичари како жив штит.

Руското Министерство за надворешни работи повторно упати повик до странските амбасади да се евакуираат од Киев. Овој повик уследи по рускиот напад врз патнички воз во близина на полската граница – на железничка линија по која кратко претходно патувале европски дипломати – пренесува .

Напад во близина на полската граница

Портпаролката на Министерството, Марија Захарова, изјави дека предупредувањето, првично издадено пролетта, останува на сила. Според неа, ова важи и покрај повремените дипломатски барања за обезбедување безбеден влез во Украина за западните „политички туристи“.


Коментирајќи го нападот врз патничкиот воз, кој се случи на околу два километри од полската граница, Захарова рече: „Западните политичари и дипломати треба трезвено да ги проценат постоечките ризици“. Само неколку минути пред нападот, по истата линија поминал друг воз во кој се наоѓале поранешниот британски премиер Борис Џонсон и поранешниот шведски премиер Карл Билт.


Захарова ги обвини политичарите дека „целосно ги игнорираат“ предупредувањата на нивните влади во врска со опасностите од посета на Украина.

Таа изјави дека украинските железнички станици и транспортната инфраструктура се легитимни цели доколку се користат за воени цели и го обвини українскиот претседател Володимир Зеленски дека ги користи западните политичари како „жив штит“. Руското Министерство за одбрана исто така соопшти дека нападите извршени во неделата биле насочени кон инфраструктура што се користи за транспорт на воен товар од Европа кон Украина.


Украина користи неколку гранични премини со Полска за прием на значителен дел од воената и хуманитарната помош испратена од нејзините западни сојузници.