На денешен ден, 15 септември, 2002 година, Бранко Црвенковски од говорница зборувал за проблемите со кои се соочувала Македонија.
Годините поминаа, политичарите се менуваа, дојдоа нови влади, нови ветувања и нови „подобри времиња“, но кога денес ќе се слушне говорот – човек може да помисли дека видеото е снимено минатата недела.
Темите? Познати. Проблемите? Уште попознати. А чувството дека „ова некаде сме го слушнале“ – загарантирано.
Се сменија телевизорите, телефоните станаа „паметни“, интернетот стана побрз, а политичките говори од минатото очигледно стареат подобро од очекуваното. Или, поточно, проблемите никако да остарат и да заминат во пензија.
На денешен ден, пред точно 24 години, бил одржан овој говор, а толку години подоцна останува прашањето: колку навистина се смениле работите? Ако судиме според кажаното – или многу малку, или сме заглавени во политичка реприза што трае со децении.








