Времето на СДС и ДУИ заврши, така треба да заврши и заштитата на Филипче, Заев и другите од нивните инсталации во правосудството, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

16/09/2026

09:00

212

Големина на фонт

а а а

Статијата ги опишува критиките од ВМРО-ДПМНЕ кон владејачките партии СДС и ДУИ за наводна корупција и неправедно постапување на правосудството во Македонија, со посебен фокус на заштитата на одредени функционери.

„Јавноста со години е сведок и гледа како правосудството, кое само себе се доведе до 2% доверба, не постапува еднакво кон сите. За едни, со тешки криминални дела и скандали, како на Венко Филипче за модуларните е заштитник, други експресно гони и суди и за мали прекршоци. Едни од заштитените од правосудните органи, несомнено, се корумпираните и криминални структури во СДС и ДУИ, како што Венко Филипче, Зоран Заев, роднините на Ахмети и такви како нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секогаш кога трагите за криминалот водат кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, се активираат нивните инсталации во правосудството и правдата стои во место, истраги нема, обвиненија паѓаат, се укинуваат пресуди.

Не може за трагедијата со 14 жртви во модуларната болница во Тетово да нема виновници, за случајот Ласкарци со 16 да се укине пресудата, а за случајот Мазут тежок 167 милиони евра, да нема ниту истрага. Тоа не е правдата која граѓаните ја бараат и очекуваат, тоа е правда која штити поединци.

На инсталираните и мал дел од корумпирани судии и обвинители, кои во време на власт на СДС и ДУИ, работеа по принципот за едни законот важи веднаш, а за луѓето блиски до овие партии секогаш да имаат изговор, одложување или заштита, треба да им е јасно дека нивното време одамна заврши.

Македонија заслужува независно и професионално судство и обвинителство, а не политички бастион во кој одлуките зависат од партиските и бизнис интереси на СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага за систем во кој нема недопирливи, нема привилегирани и нема да има заштитени. Правда и одговорност мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.