Уапсен гостиварец за издржување затворска казна од една година

Макфакс

16/09/2026

09:50

186

Големина на фонт

а а а

Во Гостивар е уапсен 22-годишник поради издржување затворска казна од една година за незаконско производство и промет на наркотични дроги според член 215 од Кривичниот законик.

Вчера во 22:05 часот во населбата Питарница во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 22-годишниот С.Ш. од Гостивар.

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено 11 11 поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.