Една од темите за кои се зборува и ќе се зборува наредниот период е „Златната топка“ и кој треба да ја освои оваа најпрестижна индивидуална награда во светот на фудбал.
Има група од неколку имиња кои се издвојуваат, но дефинитивно е тешко да се каже кој ќе биде број еден, па може слободно да се каже и дека играчите како никогаш досега почнаа да водат одредена кампања. Некои потивко, некој отворено како што е Килијан Мбапе, пример кој сега го следи и Ламин Јамал кој во разговор со Хорхе Валдано директно порача дека тој е онај кој треба да го добие признанието.
- На кого би му ја дал? Најдобриот играч на светот. На кого ќе му ја дадат? Искрено, како најдобар на светот, мислам дека можеби сме двајца, јас и Мбапе, но мислам дека ја заслужувам оваа година за она што го освоив. Секој што ги гледа натпреварите тоа го знае тоа, - вели асот на Барселона кој уште во оваа фаза на кариерата има освоено многу важни натпреварувања, титули, но нема намера тука да застана и испрати порака до оние кои тоа го очекуваат.
"Mbappé y yo somos los dos mejores del mundo, pero creo que este año el Balón de Oro me lo merecería yo".
— Movistar Plus Deportes (@MPlusDeportes) September 13, 2026
‼️ 𝑳𝒂𝒎𝒊𝒏𝒆 𝒀𝒂𝒎𝒂𝒍, en exclusiva en #UniversoValdano.#LaCasaDelFútbol pic.twitter.com/YJmUZBVLaU
- Имало големи ѕвезди во фудбалот, како Лео, како Кристијано или како Диего, кого не можев да го гледам како игра, но никогаш толку рано, се да има освоено. Еве го случајот со Пеле, кој освои многу работи на почетокот, но не неодамна. И некои луѓе мислат дека бидејќи сум победил во одреден момент, ќе се опуштам, но знам дека имам илјада работи да направам за да го обезбедам моето место во историјата на фудбалот, - порача напаѓачот.












