Зад нас е последениот календарски грен слем Ју-Ес Опен, а по истиот ја имаме и најновата ранкинг листа каде имаме промена на самиот врв.
Елена Рибакина е тенисерката која славеше во Њујорк, настап со кој си овозможи од денеска да биде број еден на светот со 9901 бодови. Таа ја симна од врвот Арина Сабаленка со која „војуваше“ во финалето на грен слемот во Соединетите Американски Држави.
Третото и четвртото место е резервирано за Американките Џесика Пегула и Коко Гоф, а до десеттата позиција следат Мира Андреева, Линда Носкова, Елина Свитолина, Каролина Мухова, Ига Швјонтек и Марта Костјук.
Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа доживеа сериозен пад и тоа од дури 70 места и сега со 209 поени е на 327 место на ранкингот што е далеку од нејзиниот најдобар резултат во 2017 година кога беше на 170 место.








