Флик за еден од моментите кој ја одбележа победата на Барселона: За тоа не одлучувам…

Дерби

14/09/2026

11:08

240

Големина на фонт

а а а

Барселона одигра уште еден ефикасен меч и забележа нова победа во шпанската Примера, овојпат против Леванте во Валенсија.

Каталонците славеа со 4-2 во натпревар во кој одново покажаа дефанзивни слабости, примија лесни голови, но од друга страна нападот функционираше и се дојде до 21 сезонски гол со што шампионот е далеку најефикасна екипа во лигата.

Еден од моменти кој ја одбележа оваа победа се случи во вториот дел кога Барса доби удар од 11 метри и кога се очекуваше Рафиња да ја преземе одговорноста и истиот го изведе како прв изведувач, Ламин Јамал ја зема топката и погоди.

Токму за оваа ситуација беше побаран одговор од тренерот Ханси Флик кој откри дека тој не одлучува за тоа.

- Не одлучувам јас кој ќе го изведе пеналот; одлучува стручниот штаб. Кој се чувствува подготвен да го изведе, го прави, - порача Флик.