Судиите признаа дека погрешиле, Сити го добил манчестерското дерби со нерегуларен гол

Дерби

14/09/2026

11:32

304

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед-Манчестер Сити 0-1! Тоа е конечниот резултат од вчерашното дерби од четвртото коло во Премиер лигата, триумф од кој три бода одат на „контото“ на „граѓаните“, но е направена огромна грешка, можеби и најголема од воведувањето на ВАР во 2019 година.

Имено Сити славеше со голот на Ерлинг Халанд, гол постигнат во 60 минута, гол за кој постоеше дискусија, дилема дали истиот требаше да биде признаен. Првичната одлука беше дека постоел офсајд, ама се вклучи ВАР и судијата Мајкл Оливер покажа на центарот.

Ова беше клучниот момент за кој потоа стигна објаснување дека е регуларен и дека Ерлинг не бил во недозволема позиција поради Патрик Доргу, меѓутоа во целата таа ситуација беше вклучен и Енцо Фернандез и поради тоа е направена огромна грешка и тоа го призна Судиското тело (Pro Ref).

- Утврдено е дека Енцо Фернандез не играше со топката и затоа секој прекршок поврзан со офсајд во овој случај е предмет на субјективна проценка. Сепак, во овој случај, ВАР не го препозна веројатното влијание на неговата позиција и требаше да препорача проверка на ситуацијата од страна на главниот судија на теренот.

- Ние веќе стапивме во контакт со Манчестер Јунајтед за да признаеме дека, според нашата проценка, станува збор за грешка во проценката. Случајот ќе биде дополнително разгледан, потврдиле од Судиското тело во најсилното англиско првенство.