Македонската кошарка ќе ја преставуваат само два клуба во АБА2 лигата во сезоната 2026/2027 или поточно на списокот на учесници ќе го немаме Маџари или по ново КК Скопје.
Скопје требаше да биде дел од групата А и да ги одмери силите со Војводина, Борац и Морнар, но тоа нема да се случи затоа што македонскиот прволигаш одлучил да го откаже настапот во регионалното натпреварување.
Испазнетото место нема да биде пополнета со друга екипа, а тоа значи дека сите натпревари кои оваа екипа требаше да ги одигра според утврдениот распоред се откажани.
Од македонските екипи во АБА2 лигата остануваат МЗТ Скопје и ТФТ.








