Тренерот на Феенорд ја почувствува моќта на Каталонците: Барселона е најдобар тим во светот

Дерби

10/09/2026

11:58

250

Големина на фонт

а а а

Феенорд вчера доживеа убедлив пораз од 5:1 на гостувањето кај Барселона во Лигата на шампионите, а тренерот на холандскиот претставник не штедел комплименти за противникот.

Џовани ван Бронкхорст и самиот беше член на каталонскиот гигант од 2003 до 2007 година, а сега истакнал дека кај двете екипи се чувствувала разлика во класи.

– Ако внимателно ја гледате нивната игра, Барселона е најдобриот тим во светот во моментов.

– Не сакавме да се браниме, но факт е дека има што да научиме од противникот, кој е на друго фудбалско ниво. Овде се работи за разлика во фудбалска класа.

– Мислам дека сезонава Барса има се што е потребно за да ја освои Лигата на шампионите, – рекол Ван Бронкхорст, кој се надева дека неговиот поранешен тим ќе ја освои првата европска титула по 2015 година.