[ВИДЕО] Рафиња и Јамал инспиратори на победата на Барселона, Демировиќ издоминира против Викинг

Дерби

09/09/2026

21:07

227

Големина на фонт

а а а

Барселона ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите со убедлива победа над Феенорд (5:1), а инспиратор на денешната победа повторно беше Рафиња.

Бразилецот го отвори резултатот уште во 3. минута со мајсторски погодок, кој стана хит на социјалните мрежи, а во второто полувреме стави точка на неизвесноста, реагирајќи одлично како врвен напаѓач и вторпат совладувајќи го голманот на холандскиот ривал.

Меѓу неговите два гола, дебитантскиот гол во ЛШ во дресот на Барса го постигна и Карим Адејеми, додека во второто полувреме во листата на стрелци се запиша и Ламин Јамал и тоа од слободен удар.

Гостите постигнаа почесен погодок во 82. минута и тоа преку Штајн, а Габриел Жезус е уште еден играч кој реализираше на дебито во ЛШ во дресот на Барса.

На дуелот меѓу Штутгарт и Викинг издоминира Ермедин Демировиќ, кој постигна хет-трик уште во првото полувреме.

Демировиќ погоди три пати во интервал од тринаесет минути, додека Трипиќ го постигна единствениот гол за гостите во поразот од 3:1 во Германија.