Пенелопе Круз и Хавиер Бардем со право се сметаат за еден од омилените парови во Холивуд, тие тоа го докажаа уште еднаш со нивното последно појавување во Венеција.
Холивудската актерка Пенелопе Круз се погрижи да изгледа беспрекорно додека ги предводеше ѕвездите кои се прошетаа на црвениот тепих за премиерата на „Бункер“ на филмскиот фестивал во Венеција во вторникoт.

Шпанската актерка (52) воодушеви во црвен фустан со спуштен струк, со висок шлиц на ногата и детаљ во форма на црвен појас со реси. Таа беше придружувана од нејзиниот сопруг Хавиер Бардем, а познатиот пар веќе привлече внимание по нивното пристигнување во Венеција.
За оваа пригода, Бардем, кого многумина го нарекуваат еден од најпосакуваните мажи, изгледаше многу елегантно во темно сино одело со сјајни ревери.

Во филмот, овој брачен пар ги толкува сопружниците Софија и Мигел, во психолошки трилер во режија на Флоријан Зелер, а заедно со нив, една од главните улоги ја игра Патрик Шварценегер, кој исто така ги имаше своите пет минути слава на црвениот тепих во Венеција.

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем се сметаат за еден од омилените парови во Холивуд, а нивната љубовна приказна често е инспирација за многумина, иако Пенелопе пред него имаше репутација на „крадец на сопрузи“. Опасна жена и заводничка, како што ја опишуваат, таа беше во врска со Том Круз во времето кога тој беше во брак со Никол Кидман.

Николас Кејџ, Метју Меконахи, Орландо Блум исто така се заљубија во неа, а долго време се пишуваше за афера со Мет Дејмон, поради што тој раскина со Винона Рајдер.
Денес, Пенелопе му е лојална на Хавиер и од ден на ден покажува дека нивната љубов е посилна од кога било.

