Во тек е 83. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, а во негови рамки се организира и хуманитарниот настан – амФар гала.
Апсолутна ѕвезда на вечерта во хотелот „Hilton Molino Stucky“ беше актерката Памела Андерсон, која е и добитничка на наградата за храброст за нејзиниот долгогодишен активизам и хуманитарна работа во борбата против СИДА.
За оваа пригода таа избрала впечатлив сатенски фустан во ефектна портокалова нијанса.

Фустанот со рамен крој, едноставно деколте и тенки прерамки ја следел линијата на нејзиното тело, додека доза драматичност на целиот изглед му дал раскошниот сатенски шал.

Го префрлила преку рацете, а бидејќи се спуштал до подот и „глумел“ долга опашка, создавал раскошен визуелен ефект при секој нејзин чекор.



Со оглед на тоа што фустанот е мошне впечатлив благодарение на бојата, сè останато било минималистичко. Андерсон носела дискретни дијамантски обетки и елегантен прстен, а фустанот го искомбинирала со сиви чевли со шпицест врв.


Својата руса коса ја стилизирала во нежни, елегантни локни со завиткани краеви, инспирирани од 1950-тите години, а посебно внимание привлече и нејзиниот природен изглед без шминка, кој ги истакна нејзините пеги.