[ФОТО] Бијонсе продава дрвена кутија за 810 евра - Обожавателите шокирани: „Девојко, си го изгубила разумот“

Точка

06/09/2026

11:01

662

Големина на фонт

а а а

Бијонсе по повод својот 45. роденден им понуди на обожавателите нов колекционерски производ, но наместо воодушевување, на социјалните мрежи следуваа бројни критики.

Пејачката пушти во продажба специјална кутија за чување на својата колекција на винил плочи, а многумина се шокираа од нејзината цена.

Имено колекционерската кутија наречена „Bey Keeper“ се продава за 948,01 долари (околу 810 евра), а цената не е случајна – таа е референца на датумот на раѓање на Бијонсе, 4 септември 1981 година. Произведени се само 500 примероци.

Станува збор за сандак од борово дрво со димензии од приближно 45 × 35 сантиметри, чија внатрешност е обложена со темнозелено кадифе. Наменет е за чување и изложување на винил плочите на Бијонсе, а дизајнот, според описот на производот е инспириран од традиционалните пчеларски сандаци.

Кутијата е украсена со гравури и златни детали, а има и ремен за носење од вештачка кожа. Сепак, постои еден детаљ што особено привлече внимание – винил плочи не се вклучени во цената.

Со достава и данок цената надминува 1.100 долари

За американските купувачи трошоците не завршуваат тука. Во една прикажана пресметка, на основната цена биле додадени 60,50 долари (околу 52 евра) за достава и 103,38 долари (околу 88 евра) за данок. Така, вкупната сметка достигнува околу 1.112 долари, односно приближно 950 евра.

Иако некои колекционери побрзаа да набават еден од само 500-те примероци, други на социјалните мрежи заклучија дека цената е претерана, особено затоа што за речиси илјада долари купувачите добиваат празна кутија.

„Изгледа како ковчег за хрчак“

„Изгледа како ковчег за хрчак“, се пошегувал еден корисник на социјалните мрежи. „Би имало смисла ако плочите беа вклучени, но речиси 1.000 долари само за кутија? Девојко, не…“, коментирал друг.

„Морав да проверам дали ова е вистина“, „Ова е лудост. Треба да има нешто во кутијата“ и „Знаете ли колку е евтино боровото дрво?“ се само дел од реакциите.

Еден корисник проценил дека слична кутија би можела да се направи за околу 30 долари (26 евра). Бијонсе засега јавно не се огласила за критиките поради цената на новиот колекционерски производ.