[ВИДЕО] Внуката на Доналд Трамп во солзи: „Ужасно е чувството“, тешко ѝ паднало новото поглавје во животот

Точка

05/09/2026

19:02

1.007

Големина на фонт

а а а

Каи Трамп, деветнаесетгодишната внука на американскиот претседател Доналд Трамп, сподели емотивни моменти од деновите пред заминувањето на факултет.

Во својот Јутјуб-влог таа снимила како ѝ течат солзи додека се подготвува да се збогува со семејството и пријателите во Џупитер, Флорида, пред да се пресели во Мајами. Иако тешко ѝ паднала разделбата со најблиските, вели дека се радува на почетокот на новото поглавје во животот.

Тешко збогување со најблиските

„Воопшто не сум емотивна личност, па затоа ми е многу чудно што плачам“, рекла Каи додека седела во автомобилот. Таа објаснила дека во животот плачела само неколку пати, а особено тешко ѝ паднало тоа што морала да се збогува со луѓето кои ги сака.

„Ужасно е чувството кога знаеш дека вечерва морам да се збогувам со сите“, рекла таа. Иако разделбата тешко ѝ паднала, Каи јасно ставила до знаење дека не се сомнева во одлуката да замине на факултет. Таа се радува на новото поглавје и свесна е дека иселувањето од семејниот дом е дел од растењето.

„Продолжувам понатаму, тоа им се случува на сите. Време е за нов чекор“, рекла таа. Каи се иселила од семејниот дом во Џупитер за да ги започне студиите на Универзитетот во Мајами. Таму, покрај студирањето, ќе игра и за женскиот универзитетски голф-тим.


Мајка ѝ помогнала околу уредувањето на станот

Во влогот покажала и како изгледало уредувањето на новиот стан. Во тоа ѝ помогнала нејзината мајка Ванеса Трамп, со која одела по продавници и купувала сè што ѝ било потребно за почетокот на студентскиот живот.

„Целосно сум исцрпена од одењето до станот, постојаното враќање и пренесувањето работи. Поминавме часови купувајќи сè што би можело да ми биде потребно за станот и подготвувајќи се за ова ново поглавје од студентскиот живот. Многу сум благодарна што мама беше покрај мене и што помина низ сето ова со мене“, напишала Каи на Инстаграм.


Таа додала и дека Ванеса станала емотивна за време на купувањето, што дополнително ѝ го отежнало целиот процес на преселување.

Голфот и понатаму во преден план

Каи го завршила средното образование во училиштето „The Benjamin School“ на Флорида, а претходно одлучила да го продолжи образованието на Универзитетот во Мајами, каде што ќе игра голф на универзитетско ниво. Голфот веќе со години е важен дел од нејзиниот живот. Почнала да игра уште како дете, а откако на 13-годишна возраст се преселила на Флорида, посериозно му се посветила на спортот. Во текот на средношколските години играла за училишниот тим, а добила и покана за настап на ЛПГА-турнирот „The Annika“.


Каи пораснала со голфот, а овој спорт дополнително ѝ го доближил и нејзиниот дедо Доналд Трамп, кој и самиот е голем љубител на голфот и сопственик на бројни терени. Трамп и претходно со гордост зборувал за голферските вештини на својата внука.


„Често играм голф со Каи и таа е фантастична голферка. Таа е „скреч“ голферка – односно играч без хендикеп – што е неверојатно. Мислам дека во блиска иднина ќе биде уште подобра. Одлично ѝ оди и победува на многу натпревари. Еден ден ќе може да го победи и својот дедо, но не сум сигурен кога ќе биде тоа – можеби дури по долго време“, изјавил Трамп.