Сар не потпиша за Ливерпул, менаџерот на Палас признал: Ќе му треба време да го преболи ова

Дерби

04/09/2026

11:58

198

Големина на фонт

а а а

Исмаил Сар заработи многу комплименти за последната сезона во Премиер лигата, а летово преговарал и за трансфер во Ливерпул, кој на крајот сепак не се реализираше.

Менаџерот на Кристал Палас, Пјер Саж, им потврдил на медиумите дека Сенегалецот бил многу разочаран од развојот на настаните и ќе му биде потребно да ја заборави целата ситуација.

– Треба да го свари она што се случи, бидејќи мене ми е јасно дека за многу фудбалери е сон да се игра во клуб како Ливерпул.

– Тој имаше добра можност, но на крајот трансферот не се реализираше. Знаеме дека му е потребно време, а останува да му овозможиме и да ја повтори претходната сезона во дресот на Палас.

– Како и во секоја друга лоша ситуација, времето ќе си ја заврши својата работа, па и нам ни треба време за да ја оставиме ситуацијата зад себе, – рекол Саж.

Во меѓувреме Сар има и помала повреда, па се уште не заиграл во новата сезона на Премиер лигата, а ќе го пропушти и дуелот со Фулам.