Аргентинското Министерство за внатрешни работи минатата недела го уапси наркобосот Пабло Алварез, познат под прекарот Беботе. Алварез раководел со меѓународна организација која се занимавала со продажба на дрога.
Според информациите што ги објавуваат аргентинските медиуми, во истрагата се појавило и името на Серхио Кун Агуеро, поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и аргентинската фудбалска репрезентација.
🚨 Así fue la detención de Bebote Álvarez por tráfico internacional.
— Cholila Online (@CholilaOnlive) August 29, 2026
🔴⚫ El histórico líder de la barra de Independiente fue detenido por la Policía Federal luego de ser acusado de tráfico de drogas.
🇪🇺🇧🇴 Según datos de la policía, la red operaba trayendo de Europa y Bolivia.… pic.twitter.com/Cn7cREMI7D
Продажбата на билети служела како параван за перење пари?
Како што пишува порталот „La Politica“, името на Агуеро било пронајдено меѓу сопствениците на компании кои наводно биле користени од картелот за перење пари заработени од продажба на дрога.
Агуеро ја основал организацијата „Kru Tickets“, која се занимавала со продажба на билети за натпревари во е-спорт.

Податоците од запленетите мобилни телефони покажуваат дека Агуеро комуницирал со членови на картелот. Сепак, тие наводно лажно му се претставувале, па постои можност поранешниот аргентински репрезентативец да не бил свесен дека станува збор за луѓе вмешани во криминални активности.
Агуеро ја заврши професионалната фудбалска кариера во 2021 година. Со Манчестер Сити освои пет титули во англиското првенство, додека за репрезентацијата на Аргентина одигра 101 натпревар и постигна 41 гол.

Споменатиот наркобос Беботе Алварез во минатото бил водач на навивачите на аргентински Индепендиенте, клубот за кој настапуваше и Агуеро.










