Над 900 учесници од 12+ земји ќе се соберат во Скопје на 9. Регионална конференција за е-трговија

Точка

03/09/2026

12:49

146

Големина на фонт

а а а

Скопје на 3 ноември повторно ќе биде центар на регионалната e-commerce сцена. Во Националната опера и балет ќе се одржи 9. Регионална конференција за е-трговија – E-commerce Conference 2026, под мотото „From Wait to Go: E-comm at AI Speed!“.

Овогодишното издание ќе обедини над 900 учесници, повеќе од 30 говорници, 50+ партнери и претставници од повеќе од 12 земји, продолжувајќи ја мисијата на конференцијата да ја поврзува e-commerce заедницата од Македонија и регионот на едно место.


Програмата ќе се одвива паралелно на две сцени и ќе ги опфати промените што веќе ја обликуваат иднината на е-трговијата - од генеративна вештачка интелигенција и AI агенти, до дигитален маркетинг, YouTube и видео стратегии, потрошувачко искуство, дигитални плаќања, автоматизација, нови технологии и прекуграничен раст. Главната сцена ќе биде посветена на најважните трендови, искуства и дискусии за иднината на е-трговијата, додека паралелната Hands-on сцена ќе понуди практични сесии, алатки, стратегии и конкретни примери применливи во работењето. Меѓу потврдените говорници се експерти од Google DeepMind, Amazon, LinkedIn и Tesla, заедно со водечки професионалци и претприемачи од регионот.


Посебен фокус и оваа година е ставен на регионалното поврзување, размената на искуства меѓу различни пазари и создавањето нови деловни можности. Конференцијата ќе собере компании за е-трговија, fintech компании, банки, технолошки компании, платформи, агенции и стартапи од повеќе пазари во регионот.


Преку официјалната мобилна апликација, учесниците ќе можат однапред да пронајдат релевантни контакти и да закажат 1-на-1 состаноци, за кои ќе биде обезбедена и посебна зона за состаноци. Дополнителни можности за регионално вмрежување ќе понудат VIP Networking приемот и ексклузивната забава по конференцијата.


Со девет изданија зад себе, конференцијата веќе има изградено силна регионална заедница. Досегашните изданија имаат просечна оценка од 4,62 од 5, а 93% од посетителите би ја препорачале конференцијата.


Деветтото издание се реализира со поддршка на Visa како платинум партнер, КаСис како стратешки партнер, Иуте Македонија како fintech партнер, А1 Македонија како дигитален партнер, Diners Club и Ананас како златни партнери, Комерцијална банка, Сава Пензиско и Халкбанк како сребрени партнери, Минт, Сава Осигурување, Унибанка, Евроинс, РСМ, Акција 24, Пивара Скопје и Зегин како бронзени партнери, како и бројни други партнери и соработници.


Пријавувањето за конференцијата е во тек, а повеќе информации за програмата и билетите се достапни на ecommerceconference.mk.