Приведена мајка во Скопје, осомничена дека ја малтретирала 13-годишната ќерка и ја држела заклучена во соба

Макфакс

03/09/2026

13:20

220

Големина на фонт

а а а

Жена од Скопје е приведена по пријава за психичко и физичко малтретирање на својата 13-годишна ќерка, која често ја држелa заклучена во соба во семејниот дом. По документирање ќе следи пријава.

Четириесет и петгодишна жена од Скопје е приведена рано утрово по пријава дека подолг период психички и физички ја малтертирала својата 13-годишна ќерка и често ја држела заклучена во соба во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Х.Ѓ.(45) во 02:20 часот, постапувајќи по претходна пријава.

За случајот се известени јавен обвинител, инспектор за малолетници и Центарот за социјални работи.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.