Две лица од Кина пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје

Макфакс

03/09/2026

13:30

396

Големина на фонт

а а а

Две лица од Кина се пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје. Полицијата истражува под какви околности е настапила смртта и ги презема сите мерки за расчистување на случајот.

Две лица од Кина се пронајдени починати во стан во центарот на Скопје, соопшти МВР.

Случајот бил пријавен на 2 септември околу 13:50 часот во СВР Скопје, откако Н.М. во стан ги пронашла починати нејзината мајка Ч.Т.Ј.(50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф.(37), двајцата од Кина.

Според полицијата, Н.М. претходно истиот ден, во 00:49 часот, ги пријавила двајцата за исчезнати.

Лекар од судска медицина констатирал смрт без видливи траги на насилство, а телата се дадени на обдукција.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.