Ова дрво никако не треба да го садите во близина на куќата бидејќи може да направи голема штета, порачуваат експертите: Неговите плодови се превкусни, но е опасно поради една работа

Кармин

02/09/2026

18:40

592

Големина на фонт

а а а

Имате куќа и голем двор со прекрасна градина, но – нешто недостига. Некое дрво, барем едно, би било идеален украс што ќе дише и ќе се развива заедно со семејството. Не можете да се одлучите, бидејќи понудата е огромна, а мора да обрнете внимание на околностите.

Експертите од оваа област можат да ви помогнат, односно да откријат кое дрво не треба да се сади во близина на куќата, бидејќи може да направи повеќе штета отколку корист.

Не секој има привилегија да живее во куќа опкружена со зеленило и цвеќе. Мир, хармонија, „своја куќа – своја слобода“! Уживате во градинарството и уредувањето на дворот, а најубаво е кога ќе огрее сонце, па ќе застанете под сенката на орев, цреша, бор, што и да имате. Сепак, едно медитеранско дрво не треба да се сади во близина на куќата, без оглед на сочниот плод со волшебна виолетова боја, богат со влакна, природни шеќери, минерали и витамини. 


Станува збор за смоквата.

Добро одржуваниот и привлечен амбиент не е само естетски „додаток“, туку и место каде што ќе се опуштиме и секогаш ќе се чувствуваме пријатно. Нашата зона на удобност. Растенијата што нè опкружуваат играат важна улога во тоа, бидејќи се дел од нашиот микросвет. Сепак, потребна е претпазливост при изборот и садењето, бидејќи некои видови бараат посебен третман. Во најмала рака. Затоа консултирајте се со експерти, кои ќе ви дадат вистински совет откако ќе ја проценат околината и останатите услови.

Зошто смоквата не е погодна? Да, можете да ја засадите, но не во непосредна близина на куќата, бидејќи нејзиниот многу инвазивен корен брзо расте и се шири во потрага по влага. Може да навлезе во пукнатините во земјата и да стигне сè до темелите, особено во повлажните подрачја.


Освен тоа, може да предизвика сериозни проблеми и со инфраструктурата, особено кога станува збор за подземните инсталации. Се обвиткува околу водоводните и канализациските цевки, па постои можност да ги оштети или дури и да ги пробие.

Доколку го сакате токму ова дрво, едноставно обрнете внимание на местото каде што ќе го засадите. Нека биде некаде во градината, а во секој случај – што подалеку од куќата. Најмалку пет метри. Потоа можете безгрижно да уживате во нејзините неодоливи плодови, кои, велат експертите, се најдобри пријатели на нашиот дигестивен систем.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk