„Бомба“ од Островот: Ливерпул пред реализација на мега-трансфер вреден 120 милиони фунти

Дерби

27/08/2026

13:34

300

Големина на фонт

а а а

Ливерпул отпочна нова ера со Андони Ираола и досега делуваше многу мирно и повлечено на трансфер пазарот, но откако во воведната рунда стана јасно дека на Шпанецот му недостасуваат добри ресурси во нападот, клубот одлучи експресно да инвестира во голема фудаблска ѕвезда.

Тоа што се најавуваше и шепотеше во јавноста веќе неколку недели наназад, се чини дека во наредните денови ќе добие целосен расплет, а тоа е мега-трансферот на Бредли Баркола од „Паркот на принцовите“ на „Енфилд Роуд“.

Францускиот репрезентативец самиот покажа интенција да си замине од Париз и да испроба нешто ново откако освои две титули во Лигата на шампиони, па откако ПСЖ добро ја покри левата напаѓачка позиција со фудбалери како Феран Торес и Мика Годтс, стана јасно дека и „светците“ се подготвуваат за продажба на крилото.

Последните вести кои пристигнуваат од Островот велат дека Ливерпул и ПСЖ се многу блиску до постигнување на договор за Баркола, и тоа во операција која ќе има вклучена фиксна исплата, како и потенцијална во вид на бонуси.

Угледниот „Атлетик“ известува дека Ливерпул ќе плати фиксни 100 милиони фунти за ангажманот на брзоногиот фудбалер, но сумата може да достигне и 120 милиони фунти ако се исполнат одредени бонуси.

Покрај „Атлетик“, со ексклузива за завршните преговори меѓу двата клуба излезе и „Би-Би-Си“, медиум кој речиси никогаш не промашува кога се во прашање мега-зделките поврзани за клубовите кои се дел од Премиер лигата.

„Би-Би-Си“ не излезе со точни бројки како „Атлетик“, но тврди дека целата зделка ќе надмине 100 милиони фунти, но нема да биде ниту блиску до оние 140 милиони фунти кои ги бараше ПСЖ на почетокот.