[ВИДЕО] Лазаров бара почит: Да не бев Македонец, немаше да се вратам да работам во Македонија

Дерби

26/08/2026

11:13

1.115

Големина на фонт

а а а

Кирил Лазаров е светски ракометен бренд кој ја претстави Македонија на најдобар можен начин за време на играчката кариера, а како најдобар амбасадор на овој спорт, реши да се посвети целосно на репрезентацијата и македонскиот ракомет и како тренер и селектор.

Легендарниот бек веќе неколку години се справува со улога на македонски селектор и тренер на амбициозниот Алкалоид, па како човек кој дал многу и се уште дава многу за Македонија, во ексклузивното интервју за „Балкан Хендбол“ вели дека треба да добива голема почит во нашата земја.

Љубовта кон татковината и ракометот како спорт го натераа Лазаров да остане дел од националниот тим и по крајот на играчката кариера, а тоа го направи во период кога репрезентацијата доживуваше огромна транзиција и кога работите изгледаа навистина хаотично.

– Да не сум Македонец, немаше да се вратам да работам во Македонија. Можат да велат дека сум ваков или онаков, но не може да ми се спори дека не сум дал доволно за Македонија….. 25 години како играч и сега шест години како тренер и повторно за македонскиот ракомет, со млади категории, со сениори. Да го водам овој македонски проект за нашата нова генерација, да се замени старата со новата и да нема некој поголем пад. Тоа не може никој да ми го спори.

– Затоа барам голема почит, прифатив да се вратам и да влезам во тој таканаречен хаос, го направив тоа од љубов и затоа што ја сакам Македонија. Да не беше така, се ќе беше поинаку, – вели Кире.