Бруно презадоволен од најновото летно засилување: Носи енергија и возбуда со себе

Дерби

27/08/2026

14:14

332

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед во последниот ден од минатиот летен преоден рок не успеа да го комплетира трансферот на Карлос Балеба за сума од 100 милиони фунти, но една година подоцна успеа во таквата намера и го направи тоа за доста помала сума на пари.

Целиот пакет со вклучени бонуси изнесува 70 милиони фунти и Манчестер Јунајтед вчера гордо се пофали со новото засилување, кое е инаку трето за Мајкл Карик во средниот ред ова лето.

По Андреј Сантош и Јури Тилеманс, Балеба е третиот играч кој треба дополнително да донесе на квалитет во средниот ред, а од комплетираната зделка на „ѓаволите“ е целосно импресиониран и капитенот на тимот.

Бруно Фернандеш во вторникот вечерта беше избран за играч на сезоната од професионалните фудбалери, па како вистински лидер на тимот во кој е тој капитен, сега вели дека Јунајтед добива голем плус со Балеба.

– Станува збор за исклучително добар и енергичен фудбалер. Тој може да ни помогне и да не притисне побрзо да ја освојуваме топката од противникот. Станува збор за млад и возбудлив играч, знам дека клубот го следеше две години и навистина сум среќен што доаѓа да го засили тимот, – изјави Бруно.