Алваро Мората промени голем број клубови во последните неколку години, па иако ова лето беше целосно откупен од Комо во месец јуни, последните вести кои пристигнуваат од Шпанија и Италија го поврзуваат искусниот напаѓач со изненадувачки трансфер.
Како што јавуваат угледните медиуми од двете земји, Мората сфатил дека нема да има место во амбициозниот тим на Сеск Фабрегас кој ќе игра Лига на шампиони, а во недостиг на атрактивни и возбудливи понуди од топ 5 лигите, прифатил да игра за тим кој се натпреварува во втората шпанска Лига.
Мората дал зелено светло за трансфер во Леганес и сега двата клуба преговараат за комплетирање на операцијата, која ќе биде активирана во вид на заем до крајот на сезоната.
Иако станува збор за тим кој игра во шпанската Сегунда, Мората со добри очи гледа на враќањето во Шпанија, или поточно во Мадрид, пред се поради тоа што Леганес е клуб кој е сместен во шпанската престолнина.
Од друга страна, Фабрегас со заминувањето на Мората ќе си отвори простор за посакуваното засилување кое го посакува некое време, а тоа е Моизе Кин од Фиорентина за кого Комо подготви 40 милиони евра.








