За два дена пристигнува Крвава Месечина, а за овие 4 знаци тоа ќе биде најголемиот пресврт: Збогувајте се со стариот начин на живот, сè се менува

Кармин

26/08/2026

20:08

424

Големина на фонт

а а а

За два дена, во петок, ќе се случи астрономски феномен наречен Крвава Месечина, односно затемнување на Месечината. Настанот е интересен и за астролозите, па Мејси Бристол проценува какво влијание ќе има овој транзит врз хороскопските знаци.

За време на оваа појава, Месечината добива темноцрвена или бакарна боја, па оттаму и називот на феноменот.

За појаснување, Земјата ќе се најде директно меѓу Сонцето и Месечината, блокирајќи ја директната сончева светлина. Таа прекршена светлина се проектира врз површината на природниот сателит на Земјата и му го дава специфичниот изглед – Крвава Месечина.

Транзитот најмногу ќе се одрази врз овие четири хороскопски знаци:

Риби

Риби, време е да го отфрлите она од кое немате корист. Во изминатата година и половина бевте посветени на личниот развој. Сте се ослободиле од она што сте мислеле дека другите луѓе го очекуваат од вас и сте го прифатиле чувството на недовршеност како дел од животното патување.


Оваа Крвава Месечина ќе ви донесе можност да се збогувате со старата верзија од себе, длабоко да нурнете во својата потсвест и да тргнете кон исцелување, вели астрологот Мејси Бристол.

Близнаци

Близнаци, очекувајте промени и поместувања во кариерата. Сега би можело да биде време да ја напуштите работата што ве исцрпува и да ја побарате онаа што повеќе ви одговара.

Транзитот носи можност досегашната кариера да ја оставите зад себе. „Но, како што знаете, имате посебни дарби кои само вие можете да ги примените... и поради кои сте им потребни на луѓето. Иако зад себе ја оставате работата за која сте мислеле дека е вашата животна цел, многу научивте за тоа што уште можете да понудите. Промената и напуштањето на старата работа или потпишувањето договор што ќе ја промени насоката на вашата кариера може да се случат во петок“, истакнува астрологот.

Девица

Девици, ова посебно затемнување ќе ги истакне вашите односи, а можеби ќе ве натера да ги преиспитате оние врски што ви се најблиски.


„Поради ова целосно затемнување на Месечината, со Сонцето и Меркур во вашиот знак, нешто во врска со оваа тема ви дава целосна и апсолутна јасност што можете да ја примените во вашата врска. Можеби ќе научите дека отпуштањето на врската што не функционира не значи дека се откажувате. Можеби е време да сфатите дека сте ја надраснале таа личност. Во секој случај, претстои завршно поглавје во партнерството“.

Стрелец

Ова посебно затемнување би можело да ве натера да го промените животот од корен и да се преселите на ново место или, барем, да го редефинирате својот семеен живот.

„Вашиот семеен живот многу се промени во последната година и половина. Можно е ова завршно поглавје да ви донесе горчливо-сладок момент на напуштање на стариот дом и тргнување кон нов дом – како да организирате проштална забава“, истакнува Бристол, пишува vice.com.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk