Славниот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, угледната адвокатка за човекови права, угостија елитна група филантропи на луксузно повеќедневно дружење на сликовитото езеро Комо во Италија.
Традиционалното летно засолниште на семејството Клуни, историската вила Олеандра во малото италијанско гратче Лаљо, повторно стана центар на светскиот гламур. Вилата послужи како совршена кулиса за елегантна вечера исполнета со пријатни разговори, врвна храна и спектакуларен поглед.
Бидејќи се постојано под будното око на јавноста, Клуниеви се придржуваат до строги правила за да ја зачуваат приватноста на семејството и угледните гости. Така, познато е дека во сите нивни домови, па и во вила Олеандра, постои посебно правило според кое сите гости при влезот мора да ги остават своите паметни телефони во посебна украсна кошница наменета за нив.
Меѓу ретките детали што сепак стигнаа до јавноста се фотографиите на познатата астрологинка Анџела Перл. Таа на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од прекрасните глетки и вечерата од ова летно дружење покрај езерото Комо.
„Толку посебна вечер на езерото Комо. Чест ми е што бев гостинка во прекрасната вила на Џорџ Клуни“, напиша оваа астрологинка. „Прекрасно си поминав, уживајќи во вечерата со Џорџ и Амал. Добра храна, прекрасни глетки, одлично друштво, интересен разговор – и ноќ што никогаш нема да ја заборавам“, истакна таа во објавата.
Гостите се собраа на беспрекорно уредениот тревник пред бледожолтата вила од 18 век, опкружена со палми и раскошни градини. За оваа посебна пригода, 48-годишната адвокатка Амал блесна во црн свилен фустан со цветен вез и впечатлива жолта панделка, додека 65-годишниот Џорџ го следел нејзиниот елегантен стил во светлосив костум и кошула.

На фотографиите славниот актер опуштено позирал покрај прекрасно поставената маса на отворено, украсена со цветни аранжмани и раскошни сонцобрани.
За Џорџ и Амал, езерото Комо има исклучително длабоко и емотивно значење. Познатиот актер ја купил прекрасната вила Олеандра од 18 век уште во 2002 година од семејството Хајнц за околу седум милиони долари, а нејзината вредност денес се проценува на вртоглави 107 милиони долари, благодарение на обемните реновирања и луксузното уредување.

Меѓутоа токму таму адвокатката и актерот запознале во 2013 година, кога таа дошла во посета со нивен заеднички пријател.

Актерот повеќепати јавно признал дека веднаш бил воодушевен од нејзината интелигенција и убавина, што на крајот довело до нивната венчавка во Венеција во 2014 година, а езерото Комо останало симбол на нивната љубов.