[ФОТО] Дури и долната облека на славната манекенка имала свое обезбедување: Себеси се сметала за грда, а светот лудуваше по неа – еве како изгледа денес

Кармин

25/08/2026

17:39

809

Големина на фонт

а а а

Клаудија Шифер денес го слави својот 56-ти роденден, а нејзината приказна за успехот во манекенството инспирирала многумина.

Познатата германска манекенка Клаудија Шифер денес го прославува својот 56-ти роденден. Иако изгледа значително помладо, а со децении се зборува за нејзиниот атрактивен изглед, интересно е што не ја сметале отсекогаш за убава, туку, напротив, пред да се прослави, себеси се сметала за непривлечна тинејџерка.


„Модата е мојот спасител. Да не станев модел, мислам дека и понатаму ќе бев срамежлива, повлечена Германка која не знаеше како да се справи со многу основни работи“, раскажала Шифер.


Клаудија ја започнала својата кариера на 17 години. Ја открил Мајкл Леватон, сопственик на позната модна агенција, кој ја убедил да почне да се занимава со манекенство.


Се фотографирала за насловната страница на списанието „Brigitte“ во 1988 година, што било отскочна штица за нејзината кариера, која оттогаш почнала да оди во нагорна линија. Набргу на нејзината врата затропале многу престижни светски списанија, како што се „Vogue“, „Cosmopolitan“, „Time“ и „Playboy“.


Нејзината популарност во деведесеттите години достигна толку високо ниво што дури и долната облека што ја носела на модните ревии имала свое обезбедување.


„Беше тоа лудо време! Живеев како рок-ѕвезда. На секоја ревија ме чуваа телохранители... Не само мене, туку и мојата облека, дури и долната облека – да, и градниците и гаќичките! Затоа што секогаш кога ќе излезев на пистата и ќе се вратев, ги немаше моите работи, сè исчезнуваше! Ете, затоа и мојата долна облека своевремено мораше да има лични телохранители“, се присетила манекенката на тоа како изгледало кога била на врвот на славата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk