Поранешното момче на Маја Џама, Рубен Дијас, изгледа конечно пронашол нова девојка, пренесува „Daily Mail“.
Фудбалерот Рубен Дијас во последно време привлече големо внимание поради врската, а потоа и раскинувањето со водителката Маја Џама, а сега, се чини, пронашол утеха покрај манекенката Валентина Бест. Највнимателните обожаватели се убедени дека 28-годишната Валентина објавила видео на „TikTok“ снимено во куќата на фудбалерот, откако го препознале ентериерот на вилата вредна четири милиони фунти.
Маја (32) и ѕвездата на Манчестер Сити, Рубен (29), раскинаа во мај по 18 месеци врска, само четири месеци откако се вселиле заедно во дом во Чешир.
Валентина објавила снимки од пространата кујна и теретаната во овој имот, а обожавателите ја препознале куќата бидејќи првично била огласена како дел од хуманитарната наградна игра „Omaze“, пишува „Daily Mail“.
Германската манекенка, која има 162.000 следбеници, првпат била поврзувана со Рубен уште во 2024 година, но официјални информации за нивната врска сè уште нема.
Кога Маја и Рубен раскинаа, ги отстранија сите траги еден за друг од социјалните мрежи. Извори тогаш откриле и дека одлучиле да ја прекинат врската откако сфатиле дека таа „дошла до својот крај“, додека и двајцата биле фокусирани на исклучително интензивни периоди во своите кариери.
Сепак, се верува дека нивното раскинување било „пријателско“ и дека меѓу нив и понатаму постојат „многу љубов и почит“.











