Рожер Федерер се подготвува за големиот спекткал од кој ќе биде дел на централниот терен на Ју-Ес Опен, а како најава на тоа, легендарниот Швајцарец вчеравечер одржа прес-конференција и имаше полесен тренинг со Лоренцо Музети.
Федерер вечерва ќе биде главна ѕвезда во егзибицијата од која дел ќе бидат и Енди Родик, Џон Мекинро и Андре Агаси, но пред да дојде до главниот настан на „Артур Еп“, Рожер издвои време за новинарите и одговараше на интересни прашања кои му беа поставени.
Швајцарецот кој има многу залагања и обврски во приватниот живот, нагласи дека не му недостасува играњето тенис и во моментов ужива да гледа врвен тенис, а дел од него и натаму е Новак Ѓоковиќ за кого тој има навистина високо мислење и во подоцнежната фаза од кариерата на Србинот.
Новак последниот грен слем трофеј го освои токму во Њујорк пред три години, а бидејќи за многумина ова е последна вистинска шанса за него да стигне до 25-от трофеј на турнирите од големата четворка, Федерер даде свое мислење на таа тема.
– Кога Новак оди негде, тој има шанса да го освои турнирот, посебно кога станува збор за грен слем турнири. Тоа е мое мислење, едноставно во многу наврати видов како го прави тоа. Не само тука, таму или онаму, тој освојуваше титули на било кое место на највисоко ниво и сигурен сум дека и натаму игра бидејќи смета дека може да освои грен слем.
– Беше задоволство да се игра против него, игравме повеќе од 50 пати еден против друг. Извонреден тенисер и неверојатен борец, со текот на годините, тој стана поголем, посилен и подобар. Извонредна вест за тенисот е што тој се уште е на теренот и импресиониран сум од тоа што го гледам, – изјави Федерер.
Според тениските експерти, Ѓоковиќ има реални шанси да се надева на 25-та грен слем титула поради тоа што Јаник Синер нема да игра во Њујорк, а во полза треба да му оди и тоа што Карлос Алкарас се враќа на терените по четиримесечна пауза.
Roger Federer on Novak Djokovic's chances of 25th Grandslam & whether he has seen the Documentary Wolf in Winter #USopen pic.twitter.com/HRinWwymTM
— Raul (@Raulgunner2) August 24, 2026











