Де ла Фуенте за завршните сцени од финалето против Аргентина: Не смееме да дадеме таква слика за фудаблот

Дерби

25/08/2026

13:10

118

Големина на фонт

а а а

Луис де ла Фуенте се превтори во вториот селектор кој донесе светска титула за Шпанија по Висенте дел Боске, успех кој автоматски го внесе фудаблскиот работник во фудбалските читанки на шпанскиот фудбал.

Пред четири години, малку кој веруваше дека Де ла Фуенте ќе биде човекот кој ќе го наследи Луис Енрике, но откако „фуријата“ импресивно измаршира до европската титула, ова лето покажа завидна доминација и на најважните натпревари за светска титула.

Шпанија сосема заслужено ја победи Аргентина во големото финале, но по последниот судиски свиреж на Славко Виничиќ, видовме и сцени кои не долијуваат за едно финале.

ФИФА пред неколку дена им изречи драконски казни на аргентинските насилници Леандро Паредес и Нахуел Молина (десет и седум меча суспензија), а Де ла Фуенте сега за првпат се огласи за она што се случи во Њу Џерси.

– Не смееме да понудиме таква слика, таа слика е неприфатлива, особено кога финалето го гледаат 2 милијарди фанови. Од цела лоша ситуација, позитивно е што нашите играчи беа жртви, нема никаква врска со тие конфронтации. Моите играчи беа жртви и оние кои настрадаа во тие непријатни ситуации.

– По натпреварот, добив извинување од Скалони и од неколку аргентински фудбалери, па затоа е добро целата ситуација да заврши таму. Би било најдобро вакви ситуации да не се повторуваат, нависитна го мислам тоа за доброто на фудбалот. Ние треба да пренесуваме едукација и да всадуваме вредности кои треба да бидат негувани од младите луѓе, – изјави Де ла Фуенте.