Унај Емери остана без голем број ѕвезди во својот тим ова лето, па иако клубот донесе замени кои ги одобри шпанскиот стручњак, се чини дека ростерот во овој момент е значително послаб од лани.
Клубот од Бирмингем има уште една недела да ги поправи нештата и да доведе важни засилувања во завршницата од летниот преоден рок, особено ако се земе во предвид дека пред заминување е и Оли Воткинс кој неочекувано реши да преговара за транфер во Саудиска Арабија.
Емери ќе мора да добие фудбалер кој ќе биде гаранција за гол во нападот, но исто така потребни му се и крила кои ќе ја зголемат конкуренцијата во извонредно тешката Премиер лига.
Последните вести од Италија велат дека Астон Вила стапила во контакт со Милан за трансфер на Рафаел Леао, фудбалер кој веќе втор месец е проблем за „росонерите“ и кој не успева да донесе понуда која ќе ги задоволи барањата на италијанскиот клуб.
Милан бара околу 50 милиони евра за крилниот напаѓач, Галатасарај како клуб не успеа ниту доволно блиску да се приближи до таа сума, па сега во игра влегува и Астон Вила која ќе мора да купува во овој финален спринт во преодниот рок.
Трансфер експертот Матео Морето открива дека луѓето од Астон Вила стапиле во контакт со оние од Милан со цел да понудат солуција од која ќе бидат задоволни сите страни, но преговорите во овој момент се во почетна фаза и останува да се види како ќе се развива ситуацијата во деновите кои следат.








