Аморим доби идеална замена за Леао: Изгледаше како најискусен играч во нашиот тим

Дерби

24/08/2026

13:34

164

Големина на фонт

а а а

Милан на посакуван начин ја отвори ерата Рубен Аморим во италијанската Серија А, односно оствари победа на незгодното гостување во Торино кај истоимениот тим.

„Росонерите“ имаат сосема поинаков лик од пред три месеци и други играчи се лидери на новиот проект кој го води португалскиот стручњак, кој уште во раната фаза од летото јасно му стави до знаење на Рафа Леао дека не е дел од неговиот проект.

Директна замена за Леао во стартната постава на Милан е младиот Алфаџо Сисе, а токму 19-годишниот тинејџер беше оној кој најмногу го импресионираше Аморим на премиерата во Серија А.

Крилниот фудбалер го постигна голот за 0:1, но Аморим е повеќе задоволен од работата која ја вршел на теренот и максималното залагање во двата правци.

– Голот е една работа, поважен е квалитетот кој го покажа за нашиот тим во текот на целиот меч. Во првото полувреме тој изгледаше како да е наш најискусен играчр во тимот. Постојано преземаше одговорност и ја бараше топката и не можам да го кријам задоволството.

– Севкупно гледано, на теренот играше еден тим цели 75 минути, а потоа паднавме физички и му дозволивме на противникот да има свои шанси. Ќе ни биде потребно уште некое време за да влеземе во оптимална физичка форма, но се уште сме во рана фаза и ќе мора да работиме напорно во неделите кои следат, – изјави Аморим по победата од 1:2.