Италијанската манекенката Виторија Черети (28) која од 2023 година е во врска со славниот оскаровец Леонардо ди Каприо ги изненади следбениците на социјалните мрежи со радикалната промена на изгледот. На фотографиите од снимањето за августовското издание на магазинот Вог Италија, бринетата позирала со кратка руска коса и шишки што многумина веднаш ги потсетија на препознатливата фризура од помладите денови на нејзиниот славен партнер.
Фотографирајќи се пред огледало, Черети го покажа изгледот со кратка руса перика, сатенска долна облека со тантела и нагласена вечерна шминка. Токму таа момчешка, разбушавена фризура беше заштитниот знак на Ди Каприо во хитовите од 90-тите како „Титаник“ и „Ромео и Јулија“.

На истото снимање, манекенката испроба уште неколку други драматични изданија – од кратка темна перика во комбинација со целосно избелени веѓи, до впечатлив црвен горен дел и светла шминка.
Оваа модна игра доаѓа за време на луксузниот летен одмор во кој манекенката и актерот уживаат заедно со блиските пријатели. Парот неодамна бил фотографиран во Форментера, Шпанија, поминувајќи ги деновите на плажата Бесо и пловејќи со јахтата по Медитеранот.

Тие биле во друштво на долгогодишниот пријател на Ди каприо, Тоби Мегвајер, Лукас Хас и актерката Лора Хариер, а пред Шпанија, парот бил забележан и на романтични вечери долж француската ривиера.

Иако се обидуваат да ја држат својата врска што подалеку од очите на јавноста, Черети во разговор со медиумите отворено проговорила за товарот на славата што доаѓа со врската со холивудска икона.
„Штом сте во врска со некој кој е попознат од вас, преку ноќ станувате само „нечија девојка“. Тоа знае да биде многу иритирачки бидејќи луѓето забораваат кои сте и почнуваат да ве етикетираат. Не е пријатно чувството кога мислите дека не можете слободно да го сакате оној кого го посакувате само поради коментарите на другите луѓе“, изјавила Виторија, која има завидна кариера на самиот врв на светската мода.